Можноста во утробата на риба да најдете секси играчка е еднаква со онаа во главата да ве удри метеорит, рекол 64-годишниот норвешки рибар кога во својата мрежа пронашол риба од околу 6 килограми и во нејзиниот желудник вибратокр од околу 15 сантиметри, пришуваат норвешките портали. Најпрво од неа излегле две харинги, а потоа и гумениот предмет.

Рибарот Бјоерн Фрилунд кој рибарел на западниот брег од земјата рекол дека знае дека овој вид риба јаде речиси се, но на ова не се надевал. Неговиот син го овековечил необичниот улов, а таткото се обидел да ги реконструира настаните. Рибата тој вибратор со мотор, но без батерија, според него го заменила со лигња, а за тоа како вибраторот се нашол во морето рекол дека најверојатно некоја жена го фрлила додека крстарела со туристичкиот брод кој плови по идиличниот норвешки брег.