Џеј Лапланте, рибар од Мејн, уловил син јастог кај брегот на плажата Пајн Поинт, околу 16 километри југозападно од Портланд, Мејн. Лапланте со својата ќерка Меган ги вадел стапиците од водата, кога здогледале азурно син јастог, тежок околу еден килограм.
Синиот јастог е многу редок. Експертите проценуваат дека само еден во два милиони јастози е син. Оваа боја се појавува поради генетско пореметување поради кое јастогот произведува преголема количина од одреден протеин. Останатите јастози се темно зелени или кафени. Јастогот кој го уловиле, кој добил име Скајлер, ќе го донираат во аквариумот во Вест Бутбеј Харбор. Вработените во аквариумо истакнале дека нема да биде сам, бидејќи веќе имаат три сини и еден портокалов јастог.