Откако пред 20 години татко му го убил тигар, индискиот рибар, Фатик Халдер, го снашла истата несреќа, но за среќа преживеал.
Во западен Бенгал, тигар го нападнал рибарот додека во близина на шумата ловел морски ракови. 20 минути траела неговата агонија за живот или смрт додека тигарот постојано го удирал и гребел со канџите.
Откако успеал да побегне, Халдер морал да патува 10 часа до Калкута како би ја добил потребната лекарска помош.
– Оклу 10 часот наутро, кога влегов во водата во шумата Ненифели и ја фрлив рибарската мрежа, одеднаш осетив голема болка. Неколку секунди не ни знаев што ме удри – изјавил Халдер.
Кога сватил дека го нападнал тигар, рибарот одлучил да се бори, а од главата не му излегувал неговиот татко, а мислел и неговите две деца и сопругата кои го чекале дома. Силно ги зарил своите прсти под вилицата на тигарот.
– Болката стануваше неподнослива. Незнам како ги издржав тие удари, додал Халдер.
Забите на тигарот тешко го повредиле неговото рамо, а Халдер имал среќа кога влегле во водата и блатото бидејќи на тигарот му било тешко да се бори на таква површина и се откажал од борбата.
Откако го преживеал овој несекојдневен напад од тигар, рибарот одлучил да побара друга работа.