Бил Хокинг од Лу е најстариот британски рибар. Веќе 70 години е на море, а не знае да плива и не јаде риба. И покрај своите години, секое утро во 5 часот оди на море. Имал и соработници, но сега лови риба сам. Ловел во дожд, сонце, ветер, а уловената риба ја продавал на градскиот пазар.
Вели дека повеќе не е млад и дека му е тешко да оди сам, но тоа е неговиот начин на живот. Додал и дека ќе се бави со риболов до крајот на неговиот живот. Неговата сопруга Маргарет, со која е во брак 57 години, од почетокот на нивната врска се грижи за него. Рекла дека не му приговарала бидејќи знае оти тој тоа го работи со љубов.