Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласира во финалето на Грен слемот Вимблдон.
Во полуфиналето Рибакина попладнево ја победи Романката Симона Халеп во два сета – 6:3, 6:3 за еден час и 17 минути игра.
Во финалето Рибакина ќе се соочи со Онс Жабер од Тунис. Мечот за титулата е закажан за в сабота (9 јули).
Вкупен награден фонд на Вимблдон изнесува 49 милиони долари.