Тим научници од Универзитетот Сечуан во југозападна Кина развиле риби-роботи долги 1,3 сантиметри кои веќе успешно ја отстрануваат микропластиката во плитките води.

Целта на кинеските научници е да овозможат собирање на микропластика и во подлабоките води за да се обезбедат информации за што пореална анализа во морското загадување, изјави Ванг Јујан, член на истражувачкиот тим.

Црната роботска риба е мека на допир, а научниците може да ја контролираат со помош на светлина за да се избегне судир во други риби или предмети. – Ако случајно роботот е изеден од вистинска риба, тој ќе излезе вари без штета по нејзиниот организам, бидејќи е направен од полиуретан, појасни Ванг.

Роботот може да плива со брзина од 2,76 должини на своето тело во секунда, што е побрзо од повеќето роботи.

Ние главно работиме на собирање микропластика, но роботот може да се користи и на многу други начини, рече Ванг.

Рибата може да собира штетни материи дури и кога е оштетена.

OhridNews