Овој вид на риба е пронајден неодамна во водите околу Велика Британија. Рибата “Сарпа Салпа“ нормално живее во Медитеранот и околу Северна Африка. Експертите предвидуваат дека рибите се привлечени во тие води поради топлите води.


Рибата се наоѓа на менијата во Медитеранските ресторани. Но ако се изеде нивната глава се појавуваат халуцинации предизвикани од планктоните кои таа ги јаде и можат да траат со денови. Забележано е дека во 2006 година двајца мажи од Франција од кои едниот имал 90 години имале халуцинации и кошмари повеќе денови откако изеле “Сарпа Салпа“.