Популарната пејачка Риана, како и многу други познати личности од светот на шоубизнисот се одлучила да се одмори за Божиќните празници, но не на традиционален начин со зимување и снег, туку на летување на островот Барбадос заедно со своето семејство. Откако во понеделникот по плажата прошетала во едноделен црн костим за капење со лик на пантер, наредниот ден се одлучила за нов аутфит.


Во шарено бикини се возела на џет ски и многу уживала на снчевиот ден. Кружат гласини дека пејачката прекинала со безбол играчот Мет Кемп. Што се однесува до дочекот на најлудата ноќ, таа ќе биде ангажирана со пеење во еден луксузен ноќен клуб во Лас Вегас.