Поранешното момче на Риана, Мет Кемп, бил забележан како се забавува со две девојки. Бејзбол играчот и пејачката Риана ја прекинале својата врска бидејќи сакале да се гледаат и со други девојки односно момчиња. Наводно и пејачката го изневерувала Кемп. Биле во врска од почеткот на оваа година.


Во последно време многу се зборуваше дека Риана сака да стане мајка. Таа тоа го потврдила, но изјавила дека не планира кога ќе се случи тоа. Додала дека може да биде за една но и за десет години. На крајот рекла дека пред да стане мајка има уште многу работи кои би сакала да ги направи.