Ракометната федерација на Македонија (РФМ), по пат на ждрепка ќе го одреди распоредот за мечевите во плејофот и плејаутот во Супер лигата.
Ждрепката ќе се одржи в среда, во просториите на РФМ, со почеток во 12 часот.
Дел од плејофот сезонава ќе биде и Охрид. Избраниците на Раде Стојановиќ со максимален ефект од 12 победи во исто толку мечеви завршија на првата позиција во групата А.
Од куќата на ракометот планираат возбудувањата во плејаут и плејофот да започнат на крајот од февруари или почетокот од март месец.
OhridNews
Комплетирани учесниците во плејофот, кои се ривалите на Охрид