Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на седницата пред Управниот одбор поддаде извештај за настапот на машката ракометна репрезентација на Европското првенство.


– Сакам во име на Федерацијата и во мое лично име да кажам дека ние се вложивме максимално и персонално и финансиски. Ако правиме реална анализа, сметам дека е наша грешка на Федерацијата што дозволивме Данило Брестовац да го напушти стручниот штаб. Од денешна перспектива тоа го сметам и за лична грешка и за раководството. Не очекувавме дека тоа ќе има толкави репрекусии, но ете се случи и ќе ни биде за памет. Нашата логика беше дека системот ни е поставен, функционира и дека ако една индивидуа ако отсуствуа нема да има влијание, ама се покажа дека има и затоа признаваме грешка, нема да бегаме од тоа. – рече Мукаетов, пренесува „Спортмедиа“.

Брестовац на клупата од Македонија седеше на сите натпревари од првата фаза, а потоа замина во клубот Шамбери каде заедно со селекторот Ивица Обрван го сочинуваат стручниот штаб.

Македонската репрезентација ЕП во Полска го заврши на 11-та позиција и не успеа да го подобри или повтори најдобриот пласман од ЕП во Србија на петтата позиција.

На УО беше потврден Милчо Чакарески за нов директор на машката ракометна репрезентација и Александар Јовиќ за В.Д. селектор на репрезентацијата до 20 години.

OhridNews