Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се приклучи во честитките на Вардар за освојувањето на титулата во Лигата на Шампионите. Матичната куќа на ракометот упати специјална честитка со посвета „црвено црните“ кои ги надминаа очекувањата и победувајќи ги Барселона и Веспрем стигнаа до втората титула во ракометна Европа.
Синоќа, десеттици илјади симпатизери на Вардар ги пречекаа ракометарите прво на аеродромот а потоа на градскиот плоштад каде што и кулминираше забавата.
OhridNews