Натпреварот од третата рунда во Супер лигата помеѓу екипите на Охрид – Радовиш е одложен, а Групата А е ставена во мирување после позитивните случаи на Ковид -19 во составот на Голден Арт КЛ7, вака одлучи Ракометната федерацијата на Македонија.

Дебитантот во суперлигашкото друштво Голден Арт КЛ7 информираше дека на тестовите на играчкиот кадар, стручниот штаб и логистиката на клубот позитивни биле 16 лица.

Охрид во новата сезона од Супер лигата одигра еден меч и забележа победа над Голден Арт КЛ7, додека во втората рунда беше слободен. Кога ќе продолжи првенството Охрид ќе се сретне со Радовиш.

OhridNews