на Македонија (РФК) за селектор на машката ракометна репрезентација.
Домашните стручњаци Илија Темелковски, Владимир Глигоров и Ристо
Магдинчев, односно Хрватот Ивица Обрван ги доставиле своите кандидатури,
кои во четврток ќе ги разгледува комисијата во состав Гордана Нацева,
Никола Панчевски и Ѓорѓи Тренковски.
Темелковски, веќе бил селектор, со ракометарите тој учествуваше на
Светското првенство во Хрватска, во 2009 година, кога Македонија го
освои 11-то место.
Магдинчев подолг период работеше во Франција, по враќањето во Македонија
работеше како тренер на неколку женски екипи и стручен коментатор.
Глигоров е поранешен селектор на женската репрезентација, тој со
ракометарките го освои седмото место на Европското првенство кое во 2008
година се одржа во Македонија.
Обрван, кој е единствениот странски тренер во оваа конкуренција, според
шпекулациите во јавноста е и најсериозниот кандидат за наследник на
Звонко Шундовски, кој поднесе оставка по Светското првенство кое во
јануари се одржуваше во Шпанија.
Обрван има 46 години, тој е поранешен репрезентативец на Хрватска, со
која на Европското првенство во 1994 година го освои бронзениот медал.
Како тренер работел во Метковиќ, Медвешчак, Горење и Загреб.
Комисијата на РФМ, одлуката, кој ќе биде новиот селектор ќе ја соопшти на прес конференција која треба да се одржи во петок.