Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го назначи искусниот судија Димитар Митревски за нов спортски директор на најдобрата машка репрезентација. Битолчанецот на позицијата спортски директор во репрезентацијата доаѓа на местото од Милчо Чакарески.
- Би сакал да му се заблагодарам на Милчо Чакарески, со кого имавме добра соработка. Но, сега е време за нови активности и предизвици, па така јас како претседател предложувам репрезентацијата да има спортски директор, врзан за ЕП 2020. Предлог за тоа е Димитар Митревски, ракометен судија повеќе од 20 години, човек кој е присутен на сите активности кога се работи за ракометот. Сметам дека тој е добро решение за ова. – изјави првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Митревски повеќе од една деценија ја дели правдата на суперлигашките терени во Македонија а може да се пофали и со интернационално искуство. На Митревски го очекува полни раце работа бидејќи селекцијата за неполни два месеци ќе биде дел од Европското првенство што ќе се одржи во повеќе држави.
OhridNews