Македонската ракометна федерација не доби зелено светло од ЕХФ и ИХФ за натурализирање на Ренато Вугринец, а добои потврден одговор за ракометарот на Вардар, Немања Прибак. РФМ со соопштение до јавноста информираше за сите напори да се засили селекцијата со ракометарот на Металург.

– РФМ вложи максимални напори и ги презема сите можни дејства поврзани со барањето за дозвола за настап на Немања Прибак и Ренато Вугринец на претстојното ЕП 2014 во Данска притоа запазувајќи ги процедурите и нормативните акти пропишани од страна на ракометните авторитети. За жал, оние кои ги носат одлуките во седиштето на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) во Виена, Австрија, покажаа непринципиелност во водената процедура околу добивањето дозвола за настап на еден од двајцата дебитанти во репрезентацијата, дотолку повеќе што и си дозволија мешање во одлуките на водството на Меѓународната Ракометна Федерација (ИХФ) – стои во соопштението од РФМ.

Покрај Вугринец од селекцијата поради повреда отпадна Наумче Мојсовски и без нив двајца „фалангата“ ќе треба да го повтори или подобри петтото пред две години на ЕП во Србија.

Мх.П.