Ракометната федерација на Македонија за превоз на ракометарите на мундијалот во Шпанија го одбраа најтешкиот и најсложениот пат. Репрезентативците беа преморени, истоштени а тоа се одрази на теренот.

Со истата компанија “Визер“ за дуелот со Белгија ќе патуваат фудбалските репрезентативци на Македонија. Тие ќе слетаат во Ајндховен, а потоа со автобус ќе патуваат до Брисел каде ќе се игра мечот со “црвените ѓаволи“.

Репрезентативците тогаш ќе ги испратиме со надеж дека ќе стигнат на време и дека ќе обезбедат поволен резултат за радост на македонскаа спортска нација.

Мх.П.