Поранешниот предводник на Металург, Левче Китевски со одлука на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) е назначен за нов директор на машката и женската репрезентација во сениорска конкуренција.

 

За Китевски ова ќе биде кам бек во македонскиот ракомет. Тој после улогата во Металург беше дел од српскиот клуб Железничар каде ја извршуваше функцијата спортски директор. Сега веќе екс директорот на македонската репрезентација Димитар Митревски ќе биде координатор на машките ракометни репрезентации.

Гино Стрезовски ќе биде советник на селекторот во женски репрезентации, што е своевидно враќање на нашиот поранешен селектор во женскиот национален тим. Ѓорѓе Војновиќ и Билал Суџубаши се избрани за нови членови на Управниот одбор на РФМ.

OhridNews