Ракометната федерација на Македонија на седницата од Управниот одбор донесе одлука за намалување на котизацијата во Супер лигата и укинување во Првата лига.
Досегашната котизација за игра во Супер лигата изнесуваше 90 000 денари или по 45 000 денари на полусезона. Сегашната ќе изнесува 60 000 денари или по 30 000 денари на полусезона.
– Логиката е дека треба да работиме на омасовување на спортот, и знаеме дека клубовите имаат проблеми, особено оние што не се во супер лигата. Ова не е голема сума вкупно, и можеме да ја обезбедиме од друга страна, а само ги оптеретуваат клубови, и затоа сакаме да им помогнеме на клубовите – истакна Живко Мукаетов претседателот на РФМ.
Со овој потег куќата на ракометот им помогна на клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига, а им ги намали трошоците на екипите кои се дел од Супер лигата.
Мх.П.