Ракометната федерација на Македонија им ја намали паричната казна на Радовиш и Охрид од 150 000 на 120 000 денари, а двата клуба на ја подмират за осум дена таа ќе скокне на 300 000 денари.
Екипите на Охрид и Радовиш казните ги заработија поради инцидентот, кој се случи на мечот во Радовиш во осмата рунда од Супер лигата.
Тогаш домашната публиката се судри со навивачката група „Рибари“ и настана тотален хаос на трибините. Натпреварот беше прекинат, па доигран, а бодовите им припаднаа на домаќините.
Мх.П.