Ракометна федерација на Македонија ја исплати премијата од 30 000 евра на ракометарите кои настапува за Македонија на Европското првенство во Данска.


Избраниците на селекторот Ивица Обрван со пласманот во вториот круг ја остварија зацртаната цел пред стартот на ЕП, а за тоа челниците од РФМ го исполнија своето ветување со поделувањето на премијата. Македонија континенталниот собир во Данска го заврши на десеттата позиција.

– Ракометната федерација на Македонија им ја исплати ветената премија од вкупно 30.000 евра на репрезентативците и стручниот штаб за пласманот во втората фаза од ЕП во Данска. Парите се веќе „легнати“ на сметките на сите што дадоа придонес во пласманот во втората фаза, кога во конкуренција на Данска, Чешка и Австрија, ние го освоивме второто место со една победа, едно реми и пораз, што е најдобар успех на машката репрезентација во првата фаза од едно ЕП – стои во соопштение од РФМ.

По добивањето на премијата за успешниот настап на ЕП пред македонските репрезентативци е бараж натпреварот со Грција за пласман на Мундијалот во Катар следната година.

Мх.П.