Ракометната федерација на Македонија (РФМ) им ја исплати ветената премија во висина од 40 000 евра на сениорите за успехот во квалификациите за Европското првенство во Австрија,Норвешка и Шведска во 2020 година

„Црвено жолтите“ во квалификациите завршија како првопласирани на табелата во групата пред Исланд , Турција и Грција и обезбедија место во вториот шешир при ждрепката.

Македонија во шестото учество на континенталните собири за противници ги доби еден од домаќините Австрија, Чешка и Украина. Нашата селекција мечевите на ЕП ќе ги игра во Виена а се очекува голема поддршка од публиката.

OhridNews