Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со едногласна одлука од делегатите на ЕХФ ја доби организацијата на Светското првенство во конкуренција кадети во 2019 година.


Како град домаќин македонската куќа на ракометот го пријави само Скопје со што го заобиколи или пак заборави Охрид.

Градот Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ последниве десетина години и повеќе редовно беше домаќин на сите собири со светски карактер кои се одржаа во Македонија.

Затоа, одлуката за изоставување на Охрид е чудна и мора брзо да се праша и реагира зошто е тоа така за доброто на спортот кој е заштитен знак во градот моментално.

Ohridnews