Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на работната средба која ја организираше Ј.П. „Билјанини Извори“ и Општината Охрид најави богата агенда на ракометни настани.

Охрид и Ј.П. „Билјанини Извори“ заедно со РФМ и уште неколку градови од Македонија ќе бидат домаќини на Светското првенство во кадети за жени. Две години подоцна повторно во Охрид и Македонија ќе се соберат ракометните надежи, но овој пат само од Европа.


– Една од групите од Светското првенство за кадети во женска конкуренција ќе се одигра во Охрид. Во 2015 година ќе бидиме епицентар на европскиот ракомет за кадети исто така во женска конкуренција –
рече Мукаетов.

За почеток на соработка на РФМ и структурите во Охрид, Мукаетов најави дека ќе сторат се да организираат турнир на кој ќе настапи сениорската селекција пред заминувањето на Европското првенство во Данска.

– Ќе се потрудиме во декември пред настапот на сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Данска да организираме квалитетен турнир со јаки селекции што би преставувале генералка пред континенталниот собир –
заврши Муакетов.

Мх.П.