Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе добие финансиската награда од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за првото место на табелата во квалификациската група и пласманот во баражот за влез на Мундијалот во Шпанија 2021 година. РФМ ваквата одлука ја донесе на итната седница која имаше Управниот одбор.
Финансиската награда за девојките изнесува 10 000 евра. РФМ одреди награда во висина од 40 000 евра за репрезентативките ако ја совладаат Романија и обезбедат пласман на Мундијалот.
РФМ исто така одреди премии и за машката ракометна репрезентацијата. За освоено прво место во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП паричната награда во висина од 40 000 евра. За освоено второ место паричната награда изнесува 30 000 евра, а за освоено второ место со помалку од 10 бодови наградата е 20 000 евра.
OhridNews