Ракометната федерација на Македонија (РФМ) в недела на официјална пресконференција ќе го промовира Данило Брестовац, кој ќе преземе улогата селектор на најдобрата македонска репрезентација.

Брестовац и РФМ најдоа заеднички јазик околу клупскиот ангажман на најсериозниот кандидат и в недела пред медиумите ќе пуштат рака за соработка. РФМ настојуваше новиот селектор да нема клупски ангажман, што беше случај на претходните три селектори Ивица Обрван, Лино Червар и Раул Гонзалес Гутиерез. Брестовац ќе ја заврши сезонава во Металург и после комплетно ќе се насочи кон репрезентацијата.

Сериозен тест на македонската клупата, Брестовац ќе има уште на почетокот од својата мисија, кога го очекуваат двата дуели со Исланд во квалификациите за ЕП 2020 година.

OhridNews