Ракометната федерација на Македонија испрати барање до Европската куќа на ракометот (ЕХФ) за дополнително место во Лигата на Шампиони кое ќе му припадне на Металург.
Апликацијата на Металург најверојатно ќе биде прифатена бидејќи ЕХФ со писмо го покани македонскиот клуб да конкурира за место во елитата.
– Металург ни се обрати и ја испрати сета неопходна документација, по што ние официјално побаравме дополнително место за Македонија во Лигата на шампионите. Тоа е вообичаената процедура, сега на ЕХФ е да донесе конечна одлука, но искрено се надеваме дека нашата земја повторно ќе има два претставници во елитното европско натпреварување. – рече за Екипа.мк генералниот сектретар на РФМ, Филип Милошески.
Металург значајно почна да ги засилува своите редови доведувајќи го искусниот Божовиќ, а се шпекулира со уште неколку имиња кои ќе бидат огромни засилувања.
Мх.П.