На неопределено време во мирување е ставен машкиот ракомет во Македонија. Куќата на ракометот (РФМ) на ваков потег се одлучи после големиот број на позитивни случаи на ковид -19 во екипите.

РФМ првично ја стопираше Групата А на 15 дена, а Групата Б се одвиваше според планот. Но трендот на заразени ракометари продолжи и зафати екипи од Групата Б, по што следуваше стопирање на натпреварите.

Матичната куќа на ракометот не стои со скрстени раце и подготви нови планови по кои ќе продолжат мечевите после стабилизирање на ситуацијата. Ракометарите, стручниот штаб и логистиката ќе се тестира пред секој натпревар со што драстично ќе се намалат шансите за раширување на вирусот.

РФМ логично го одложи почетокот и на Првата лига која требаше да стартува викендов. Нов датум за почеток на сезоната прволигашките екипи ќе добијат следниве денови.

OhridNews