Неодамна заврши предквалификацискиот турнир во Луксембург за фудбалери до 17 години. Македонија со биланс од три порази во исто толку натпревари се пласираше на последното место. Селекторот Менсур Јакупи беше оптимист и пред заминувањето најави напад на едно од двете места, но со само еден постигнат гол и примени седум, “фенерот“ е наша реалност.
На седницата одржана во Скопје УО на ФФМ даде оценка за досега постигнатото.- УО ги оцени резултатите на А-националниот тим на стартот од квалификациите за ЕП под очекувањата . Знаејќи ја сепак важноста на следните две квалификациски средби со Андора и Русија одлучи да им даде поддршка на Стручниот штаб и репрезентативците во пресрет на следните средби по што на следната седница на УО ќе донесе заклучок за настапот на националниот тим и работата на селекторот и стручниот штаб. – се вели во соопштението на официјалната веб страна на федерацијата.