Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува, информира Министерството за здравство.

OhridNews

Обновено: Се испитува еден сомнителен случај од коронавирус кај пациент од Охрид, трудница од Дебар примена во општата болница без симптоми на зараза!