По натпреварот Академик, вториот натпревар во сала, Отвореното Државно Првенство во Софија, донесе подобри резултати за македонските атлетичари.

Најуспешен резултат оствари атлетичарот Реџеп Селман во дисциплината трискок, со кои резултат предничи на Ранг листата за 2010 год, во сала.

На натпреварувањето во Софија настапија атлетичарите од Атлетските клубови Охрид, Работнички, 7-Мај. Еве ги постигнатите резултати:

Спасеска   Александра (АК-Охрид)  60м  8.32
Мирчевски      Славчо (АК-Охрид) Далечина,
60м 
6.73
7.49
Селман Реџеп (АК-Охрид) Трискок 14.51
Милчевски Бојан (АК-Работнички) 800м  1:59.33
Темова  Ирена (ПАК-7-Мај) Височина 163
Јовановиќ Надица (ПАК-7-Мај)  Височина 143

Ohridnews