– Резултатите не се добри но главно се очекувани. Ако не се вложува повеќе во атлетскиот крос, не можеме и да сакаме да одиме напред – рече селекторот Влатко Димитров.
На кросот настапија атлетичари од девет држави. Екипно, кај мажите Македонија е седма, а кај жените осма. Најмногу покажаа Турција, Србија и Романија.
Резултати, 10 км сениори: Ѓорѓи Трендафилов 23. место (37,44,3 минути), Сашо Даневски 24. м (38.14,9), Горан Стојанов 26. м (40:03,4). Победникот од Турција имаше време од 31:37,7 минути.
Резултати, 8 км сениори (до 23 год): Александар Кираџиев 26. м (30:07,3), Марко Ивановски 28. м (31:25,1), Марјан Стојков 29. м (32:21,6). Победникот од Турција оствари време од 25:45,0.
Резултати, 6 км јуниори: Бојан Милчевски 27. м (22:45,4), Борис Даневски 29. м (23:01,5), Огнен Павловски 32. м (23:47,5), Дарко Костадинов 33. м (23:50,2). Победникот од Романија имаше време од 19:11,9.
Резултати, 4 км јуниорки: Александра Митроска 26 м. (17:13,8), Симона Трајановска 27. м (17:48,2), Фросина Ристеска 28. м (17:48,2). Христина Ристевска поради болки во стомакот не ја заврши трката. Турската победничка оствари време од 14:15,3 минути