Француската репрезентација зачекори кон првата позиција во групата Е, откако во дербито со Норвешка славеше триумф 28-24.

Херој на „триколорите“ во триумфот над светскиот вицепрвак беше голманот Пардин, кој имаше сензационални 19 одбрани. Французите констатно го контролираа резултатот и во сенка го фрлија норвешкиот состав кој е еден од потесните фаворит за медал во Египет.

Сите честитки од денешните натпревари одат на адреса на Алжир, кој со фантастичен пресврт го совлада Мароко. Алжирците имаа негатива од седум голови, а на крајот победија со еден гол 24-23.

  • Резултати:

Група Е: Австрија – Швајцарија 25-28 Норвешка – Франција 24-28

Група Ф: Алжир – Мароко 24-23, Португалија – Исланд  25-23

Група Г: Египет – Чиле 35-29, Шведска – Македонија 32-20

Група Х: Белорусија – Русија 32-32, Словенија – Јужна Кореја 51-29

OhridNews

Пораз на Македонија на премиерата на СП