Охридските тенисер забележаа резултати под нивото на Државното првенство, кое се одржа во Скопје во организација на Тенискиот клуб Југ.
Во женска конкуренција охридскиот тениски клуб во името на Ана Стојановска имаше финалист, но не се закити со златен медал. Стојановска во финалниот натпревар пораз претрпе од Катја Ивановска. Останатите охридските претставници Петреска, Кецкарова и Билбилоска мечевите ги финишираа во 1/4 финалето.
Павел Стевковски во машка конкуренција се пласираше во топ 8. Маратонската победа во 1/8 финалето го зеде данокот и Стевковски немаше сила за борба во 1/4 финалето. Титулата кај машките ја освои Алек Трифуноски.
Следен предизвик за охридските тенисер е Државното првенство до 16 години, кое ќе се искористи за темпирање на формата за европските тениски турнири, кои ќе се одржат во Скопје и Битола.
OhridNews