Минатогодишниот победник АСП Пак и екипите Кафе бар 9 и Ресторан Кутмичевица се првите четвртфиналисти на турнирот во мал фудбал „Вевчани 2016“.
„Виолетовите“ во осминафиналето го победија тимот на Фаланга (8-1), Кафе бар 9 со (2-1) славеше над Ресторан Бриони, а тимот на Ресторан Кутмичевица после изведувањето на пеналите 5-3 (3-3) ја елиминираше Сатеска.
Резултати:
АСП Пак – Фаланга 8-1
Ресторан Бриони – Кафе бар 9 1-2
Ресторан Кутмичевица – Сатеска 5-3 (3-3)
Двојки:
20ч Боровец – Ресторан кај Местоно
21ч Еуростил – Драслајца
22ч Ала Компани – Др Баткоски
OhridNews