Екипите на Златни Зраци и Јуниор им се придружија на Мистер И, АСП Пак и Александар Лачоски Фудбал во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“.

Во 1/8 финалните пресметки Златни Зраци со 2-1 го совладаа тимот на Хидро Рини Велгошти, додека Јуниор со 3-0 славеше над Клизор.

Осминафиналните возбудувања ќе се комплетираат денеска со преостанатите три натпревари.

Резултати: 

Златни Зраци – Хидро Рини Велгошти 2-1

Клизор – Јуниор 0-3

Двојки:

20:30ч Шила – Ескобар

21:30ч Хотел Сити Палас – Замок Александар

22:30ч Еуростил – Сатеска

OhridNews