Ефикасни, неизвесни и возбудливи натпревари понудија четирите мечеви кои се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“. Екипите на Златни Зраци и Мистер И со убедливи победи над Шикле (4-0) односно Хотел ресторан Арбери Струга (6-0) ги запишаа првите бодови. Екстра Скопско со тесен резултат 2-0 го победи Кармен Бау Центар, додека Еко Шпар и Сатеска Волино ги поделија бодовите ремизирајќи (2-2).
Голманот на Есктра Скопско максимално фокусиран.
Резултати:
Шикле – Златни Зраци 0-4
Мистер И – Хотел Ресторан Арбери Струга 6-0
Екстра Скопско – Кармен Бау Центар 2-0
Еко Шпар – Сатеска Волино 2-2
Двојки:
20:00ч Вики Транс – Фудбал
21:00ч Др. Баткоски – Жито Леб
22:00ч Ресторан Кај Местоно – Две Солзи
23:00ч Еуро Стил – Кафе Бар Шила
OhridNews