Три победи на „гостите“ и една на „домаќините“ е епилогот на четирите натпревари, кои, синоќа се одиграа на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“.

Ланџ Бар Ноа и Експрес Димакс забележаа идентични победи 2-0 над Бате Жиле и Мебо 2012. Фаланга Волино со 8-2 ја совлада екипата на Викса Пром, додека „домашната“ чест ја одбрани минатогодишниот победник АСП Пак кој со 4-2 славеше против Мешеишта.

Резултати:

Бате Жиле – Ланџ Бар Ноа 0-2

Мебо 2012 – Експрес Димакс 0-2

Асп Пак – Мешеишта 4-2

Викса Пром – Фаланга Волино 2-8

Денеска е слободен ден и нема мечеви на програмата, натпреварите ќе продолжат в сабота.

Двојки:

20:00ч Слајс – Менувачница Божилаак

21:00ч Екстра Скопско – Мистет И

22:00ч Диба Трејд – Ајдиноски Инженеринг

23:00ч Кармен Бау Центар – Ресторан Хотел Арбери Струга

OhridNews