Три победи на „гостите“ и еден домашен триумф е исходот од синоќешните мечеви на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“. Честа на домаќините ја одбрани Шила која со 4-2 ги совлада јуниорите од Лескоец, а како гости победи забележаа ДСА Тим Охрид, Инсомнија и Турист Инженеринг, кои победија во дуелите со Зелена Долина 9-1, Гостилница Кај Мече 3-0 односно Менувачница Андреј и Апартмани СЈ 3-2.
- Резултати:
Шила – Лескоец Јуниор 4-2
Зелена Долина – ДСА Тим Охрид 1-9
Гостилница Кај Мече – Инсомнија 0-3
Менувачница Андреј и Апартмани СЈ – Турист Инженеринг 2-3
- Двојки:
20ч: Нова Пошта – Типлери
21ч: Ескобар – Ала Компани
22ч: Мешеишта – ФК Македонија
23ч: Мешеиштани – Кибопласт Инжинеринг
OhridNews