Вкупно 20 пати стрелците ги затресија мрежите на вчерашните натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“. Во најефикасниот натпревар Пекара Лихнида со 6-1 го совлада тимот на ФК Македонија, а Томас Ман со 5-1 славеше над Ветеринарна Клим. Турист Инженеринг со 4-0 победи во дуелот со ГП Тане, а Мешеишта со тесни 2-1 триумфираше во средбата со Кибласт Инженеринг.
- Резултати:
Томас Ман – Ветеринарна Климе 5-1
ГП Тане – Турист Инженеринг 0-4
Мешеишта – Кибласт Инженеринг 2-1
ФК Македонија – Пекара Лихнида 1-6
- Двојки:
20ч: Ланч Бар Пиколо – Илинче
21ч: Стадион Група – Стрела
22ч: Ауто Зон – Дедо Димо
23ч: Сатеска – АСП Пак
OhridNews