Вчеравечер на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“ се одиграа нови пет натпревари од фазата по групи. Стрелците постигнаа вкупно 24 погодоци, што е речиси по пет голови во просек по натпревар.
Најефикасен натпревар со осум погодоци беше средбата ДООЕЛ Ноче – Дедо Димо, која заврши во корист на „домаќините“ со 5-3.
- Резултати:
Менувачница Андреј и Апартмани СЈ – ГП Тане 1-2
ДООЕЛ Ноче – Дедо Димо 5-3
ДСА Тим – Инсомнија 0-3
Кибо Пласт Инженеринг – ФК Македонија 5-1
Мешеиштани – Пекара Лихнида 1-3
- Двојки:
20ч Арена ФК Слатино – Нова Пошта
21ч Типлери – Бриони
22ч Ала Компани – Оровник
23ч Др Баткоски – ДООЕЛ Ноче
OhridNews