Екипите на Инсомниа, Пекара Лихнида, Турист Инженеринг и АСП Пак ги комплетираа учесниците во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“. Инсомниа славеше над Сатеска 6-2, Пекара Лихнида беше подобра од Томас Ман 3-1, Турист Инженеринг после изведување на пенали ја совлада Мешеишта, а АСП Пак со 5-1 го елиминираше составот на Гостилница Кај Мече.
Четвртфиналните мечеви се денеска на програмата, а викендов ќе се одржи финалната завршницата вклучувајќи го финалето на турнирот.
- Резултати:
Сатеска – Инсомниа 2-6
Пекара Лихнида – Томас Ман 3-1
Мешеишта – Турист Инженеринг 2-4 пенали (0-0)
АСП Пак – Гостилница Кај Мече 5-1
Двојки 1/4 финале:
20ч Пекара Лихнида – Ала Компани
21ч Турист Инжинеринг – Ресторан Бриони
22ч Стадион Група – Инсомниа
23ч Ланч бар Пиколо – АСП Пак
OhridNews