Синоќа, со првите мечеви од фазата по групи започнаа возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“.
46-то издание на турнирот го отвори бранителот на трофејот АСП Пак кој со 5-1 го совлада тимот на Лескоец Јуниор. Во преостанатите мечеви Турист Инжињеринг – Томас Ман ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1, Менувачница Андреј и Апартмани СЈ славеше со 8-2 против Ветеринарна Климе, Мешеиштани со 4-1 беа подобри од ФК Македонија, а Арена ФК Слатино и Типлери ремизираа 2-2.
Вечерва, на вториот натпреварувачки ден повторно има пет мечеви, кои стартуваат во 19:30 часот.
- Резултати:
AСППак – Лескоец Јуниор 5-1
Турист Инжињеринг – Томас Ман 1-1
Менувачница Андреј и Апартмани СЈ – Ветеринарна Климе 8-2
ФК Македонија – Мешеиштани 1-4
Арена ФК Слатино – Типлери 2-2
- Двојки:
19:30ч Зелена Долина – Гостилница Кај Мече
20:15ч Ватростална – Ала Компани
21ч Шила – Сатеска
21:45ч Ватростална – Ескобар
22:30ч Мешеишта – Пекара Лихнида
OhridNews