Ноче и Сатеска се новите две екипи кои обезбедија билет за најдобрите осум на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“. Во 1/8 финалните пресметки Ноче со 2-0 го совлада тимот на Моби Петрол, додека Сатеска со 4-2 славеше против Такси Мече Експрес.
Осминафиналните возбудувања завршуваат вечерва со преостанатите два натпревари Хотел Интернационал – Мате Маркет (21ч) и Еуро Стил – Гостилница Боем (22ч).
Резултати:
Ноче – Моби Петрол 2-0
Сатеска – Такси Мече Експрес 4-2
Двојки:
21:00ч Хотел Интернационал – Мате Маркет
22:00ч Еуро Стил – Гостилница Боем
OhridNews