Екипите на Сатеска, Мешеишта и Еко Шпар се први патници во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“. Во осминафиналните пресметки Сатеска славеше над АСП Пак со резултат 5-3, Мешеишта со 3-0 го совлада тимот на Милкуз, додека Еко Шпар после изведувањето на пеналите ја елиминираше ЛТХ Леарница 4-2, откако регуларниот дел заврши 0-0.
Резултати:
АСП Пак – Сатеска 3-5
Мешеишта – Милкуз 3-0
Еко Шпар – ЛТХ Лераница 0-0 (4-2 пенали)
Двојки:
20:30ч Мистер И – Искра Мороишта
21:30ч Тамаро – Еуро Стил
22:30ч Пупе Компани – Санитарија Грини
OhridNews