Четирите „гостински“ екипи имаа перфектен скор победувајќи на четирите натпревари кои се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“. Најубедлива победа славеше тимот на Диба Тред (10-0) над Еко Петрол, Пупе Компани со 6-1 беше подобар од Мешеишта Јуниор, додека Милкуз и Сатеска забележаа минимални победи 2-1 односно 3-2 над Дооел Ноче односно Пап Компани.
Резултати:
Еко Петрол – Диба Трејд 0-10
Дооел Ноче – Милкуз 1-2
Пап Компани – Сатеска 2-3
Мешеишта Јуниор – Пупе Компани 1-6
Двојки:
20ч Еко Шпар – ГП Тане
21ч Санитарија Грини – Златни Зраци
22ч Мистер И – Др. Баткоски
23ч Тамаро – Томас Ман
OhridNews