Вкупно 30 погодоци постигнаа осумте екипи на четирите мечеви кои синоќа се одиграа на турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“. Меч со најголем број на голови беше Американо Мислешево – Мороишта кој заврши 0-11, Мистер И во натпревар со 10 голови го совлада тимот на Куршум со 8-2, додека Др Баткоски со 4-3 славеше над Вотка Крузер, а бодовите ги поделија Милкуз и Мешеишта Јуниор ремизирајќи 1-1.
Резултати:
Др. Баткоски – Вотка Крузер 4-3
Мистер И – Куршум 8-2
Милкуз – Мешеишта Јуниор 1-1
Американо Мислешево – Мороишта 0-11
Двојки:
20ч Еко Шпар – Фаланга
21ч АСП Пак – Еуро Стил
22ч Мешеишта – Златни Зраци
23ч Драган и Јовче – Кармен Бау Центар
OhridNews