Четирите мечеви на програмата во четвртиот натпреварувачки ден на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ понудија многу возбудувања и голови.


Интересни мечеви до самиот крај одиграа екипите на Голден Бич – Златни Зраци и Мезе Бар 10 – Тамаро Маркети.


Во последните минути од мечот Златни Зраци стигна до бод против „белите“ додека Мезе Бар до триумф.

Резултати:

Кармен Бау Центар – Вис Пој 0-4

Нафи – АСП Пак 3-6

Голден Бич – Златни Зраци 3-3

Мезе бар 10 – Тамаро Маркети 5-4

Двојки:

20ч. АСМ Рача – Еко Шпар

21ч. Арсенал Охрид – Ла Тараса

22ч. Жито Леб – Сопотница

OhridNews