Два од трите мечеви на програмата на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ завршија без победник, а последниот натпревар понуди вкупно 11 погодоци.
Бодовите ги поделија екипите на Мезе Бар 10 – Скопско играјќи 2-2 и Брник Битола – Океанија ремизирајќи 3-3. Во голеадата Сатеска со 7-4 ја совлада екипата на Тамаро Маркети.
Резултати:
Мезе Бар 10 – Скопско 2-2
Брник Битола – Океанија 3-3
Сатеска Деадор – Тамаро Маркети 7-4
Двојки:
20ч.Арсенал Охрид – АСМ Рача
21ч.АСП Пак – Вис Пој
22ч.Нафи Гано – Кармен Бау Центар
OhridNews