Во претпоследниот натпреварувачки ден од групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ мечевите понудија неизвесен и тврд фудбал.
Екипата на Скопско со ремито (2-2) против Мистер И го осигура второто место во Б групата додека Бос Бургер со триумфот (2-1) над Златари Булески ја задржа шансата за пласман во нокаут фазата.
Денеска на турнирот е слободен ден, а во понеделник со три мечеви ќе се комплетира групната фаза.
Резултати:
Златари Булески – Бос Бургер 1-2
Скопско – Мистер И 2-2
Двојки (понеделник 29август):
20ч.Океанија – Бос Бургер
21ч.Златни Зраци – Вила Хармони
22ч.АСП Пак – Кармен Бау Центар
OhridNews